Кара Делевињ и Суки Ватерхаус се главните девојки на новиот лукбук на Барбери

10 јуни 2014

Тие живеат заедно, се забавуваат заедно и сега и работат заедно! Светските топ модели Кара Делевињ и Суки Ватерхаус ги здружија силите за новиот лукбук за есенската колекција на модната куќа Барбери фотографиран од кого друг ако не, Марио Тестино!

Двете британски моделки, кои се едни од омилените членки на Барбери семејството, во новиот едиторијал се придружувани и од прекрасната Малаика Фир, Калум Бол, Тарун Нијер и Оли Грин, како едни од најбараните британски модели во моментов.

Светски познатиот фотограф овојпат преку одличниот едиторијал се обиде да ја долови целата уметничка страна и пред сѐ, духот на есенската колекција, во која обожавателите на Барбери ќе најдат неверојатни парчиња со рачно сликани моменти, потоа добро познатото мантилче од модната куќа, но и тренди пончо со монограм моменти.

Говорејќи за новата кампања, креативниот директор на Барбери Кристофер Бејли, посочува дека е многу задоволен од тоа како на крајот изгледаат фотографиите и неговата одбрана екипа британски модели кои на посебен начин го доловиле уметничкиот момент во целата колекција во чие срце нормално, го става Барбери мантилот.

Колекцијата есен – зима 2014/2015 на модниот бренд Барбери беше прикажана во месец Февруари во рамки на лондонската модна недела по што привлече навистина големо внимание со специјално изработените ќебиња во вид на пончо со извезени иницијали на моделите што ги носеа.

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Колекции