•
18 септември 2014
Ако често ги разлистувате галериите од актуелната улична мода, тогаш со сигурност сте забележале дека едно од најобожуваните парчиња оваа сезона е есенското пончо на Бурбери.
Сара Џесика Паркер, Оливија Палермо, Кара Делевињ, Елена Перминова, Суки Ватерхаус се само дел од стилските хероините во урбаните улични разгледници, кои во своите секојдневни стајлинзи го комбинираат фамозното пончо со потписот на британскиот луксузен бренд.
Тоа што овој трендовски моден додаток е едноставен за комбинирање и лесно компактибилен во различни стилски варијанти, е основната причина поради која трендесетерките често го вклопуваат во своите спортски, елегантни, урбани, дневни или вечерни изгледи.
Објавено:
18 септември 2014Категорија:
Тренд