Предлози: Што да облечeте на новогодишна забава со колегите?

11 декември 2019

Декември изобилува со претпразнични дружења и забави. Сигурни сме дека повеќето од вас се во колектив кој ги обожува новогодишните забави.

Исто така сме сигурни дека за истата ќе размислувате што да носите. Токму на оваа тема ние имаме неколку предлози во продолжение:

Комбинации со здолниште

Кожата како ткаенина е апсолутен хит сезонава, па доколку одберете некое такво нема да згрешите. Тесно или широко оставаме на вас, во комбинација со ролка или некоја убава кошула ќе изгледате трендовски. За оние што сакаат сјај, здолништата од светкави материјали се совршен избор во кој ќе бидете забележани. Брокатот, како и било кој друг впечатлив принт се добра опција за вакви комбинации.

 

Комбинации со панталони

 Доколку преферирате панталони, тесни со висок струк или пак со блага ѕвонарка се нешто во што ќе се чувствувате добро. Во комбинација со кошула од свила или нежна префинета тантела, ќе изгледате елегантно и секси. Исто така, можете да одберете и животински принт, ако умеете да го носите, или пак асиметричен светкав топ. 

 

Комбинации со фустан

 На вакви забави жените често се одлучуваат за фустани. Покрај стандардните тесни и светкави што можете да ги најдете во буквално секој дуќан периодов, можете да одберете плисиран фустан или кошула фустан кој можете да го комбинирате со широк ремен или кратка јакна, или палто и да изгледате одлично и поинаку од другите.

 

Комбинации со џинс

Со вистинска впечатлива кошула и високи потпетици џинсот може да биде фантастичен избор за забавите од овој тип. Исто така, џинс во комбиација со светкава наметка или наметка од некој впечатлив материјал, а во комбинација со маичка одоздола, ќе направи да изгледате шик.

 

Комбинации во кои се чувствувате удобно

Списокот не мора да заврши кај овие наши предлози. Одберете нешто во што се чувствувате удобно. Целта е да си поминете убаво. Не заборавајте дека волуменозните ракави се во тренд, како и оделата и сако-фустаните, треба само да знаете што добро ви стои и како сакате да изгледате.

 

Во продолжение следат уште неколку предлози:

 

 

Објавено:
11 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
23.173 пати