Петок е, а пред нас е продолжен викенд - одлична причина да бидеме супер расположени. Денешниот предлог има француска нота, па ќе им се допадне на сите што се вљубеници во овој стил.

Белата ролка е во комбинација со тесно здолниште од твид, украсено со копчиња. Иако капутот го нема да фотографијата, секако дека вие ќе го додадете.

Кога се модните додатоци во прашање, беретката е задолжителна. Исто така, чизмите се високи и во сива нијанса, но можете да ги замените со оние до глужд на пример или на врзување. 

Ви посакуваме убав продолжен викенд и среќни божиќни празници.

 

 

фото извор: Pinterest.com;

Објавено:
3 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
972 пати