Октомври е на праг, а со тоа нè очекуваат и постудени и најчесто подождливи денови. Во тој контекст, ние стандардно ве инспирираме со комбинации во кои може да се пронајде секој, а кои ќе ви бидат добредојдени за речиси сите пригоди.
Модните блогерки и есенските стајлинзи ги комбинираат со сандали, кои секако можете да ги замените со сандали. Некаде додадете јакна или мантил... Целта е инспирацијата, бидејќи секој од нас се нашол во ситуација да каже дека нема што да облече.
Па ако планирате средување на плакарот, погледнете ги нашите комбинации и видете што се' можете да искористите:
Фустан со принт + џемпер + чизми до глужд
Џинс + џемпер + плетена јакна + патики
Бел џинс + џемпер со ролка во интензивна нијанса + обувки
Фармерки + плетена блуза - беж мантил
Широки карирани панталони+ ролка + марама + чевли
Кариран фустан + мантил + високи чизми
Миди тесно здолниште од твид со копчиња + бела маица
Макси плетен фустан + кратка тексасна јакна + чизми до глужд
Беж панталони килоти + долг џемпер + чизми
Долг плетен фустан + чизми до глужд
Плетена блуза + плетено здолниште + чизми до глужд на врвки + кожена јакна
Широки панталони со висок струк и ремен на врзување + блуза + мантил + чизми до глужд
Здолниште со реси + блуза + бомбер јакна со принт
Асиметрично здолниште + бела кошула со волуменозни ракави + чизми
Плисирано миди здолниште + блуза со полуролка + карирано долго палто
Панталони + долг кошула фустан + краток плетен топ + чевли
Кариран асиметричен фустан + блузон + чизми
Фармерки + високи чизми + долг кошула-фустан + ремен
Миди фустан со принт + тенок капут + беретка + чевли
Плетен фустан со ролка + високи чизми со принт + кожена беретка
Здолниште + сако од твид + ролка + чизми
Панталони со висок струк + кошула со точки
Здолниште на риги + џемпер во интензивна нијанса + чизми + качкет
Одело со машки крој + кошула и чанта во контрастна нијанса
Панталони со принт + плетена ролка + долг елек + чизми до глужд
Плисирано здолниште + ролка + ремен + топол волуменозен шал + чизми
Панталони со фалти и широки ногавици + кожена кошула
Миди фустан + долг плетен кардиган
Кожени панталони-килоти + џемпер односно ролка во интензивна боја
Бермуди + ролка + високи чизми + плетен долг кардиган/мантил
Беж спортски панталони + блузон + мантил + патики