За првиот месец од 2020 ви подготвивме 31 комбинација кои спојуваат различни трендови и стилови. Се потрудивме да одбереме стајлинзи во кои има боја и свежина, а кои ќе ви послужат како инспирација за различни пригоди.
На оние каде што не гледате капут или мантил, јакна, секако дека треба да додадете, бидејќи сепак сме во вториот месец од зимата.
Се надеваме дека како и до сега ќе ви дадеме идеја за тоа како можете да изгледате и да се чувствувате добро во тоа што го носите.
Почнуваме:
здолниште+кошула+палто - сè во бело
волуменозен џемпер+плисирано здолниште во интензивни бои
џинс+блуза+лакиран макси мантил
џинс со широки ногавици+џемпер со ролка+чизми до глужд+монтка
фустан во интензивна боја+долго палто+високи чизми
кожен кошула-фустан+чизми
кожено широко миди здолниште+кошула со тантела+чизми до глужд
миди здолниште со пулејки+џемпер+чизми до глужд
миди здолниште со шлиц+блуза+чизми до глужд - сите во впечатливи или пастелни нијанси
миди фустан од кадифе на преклоп+впечатлив ремен+чизми до глужд
панталони+кошула со принт+елек во интензивна боја+капут
панталони со принт+кошула со принт+капут во интензивна нијанса
џинс-црвен џемпер+капут со комбинација на принтови и бои +марама
карирани панталони со широки ногавици + кошула со кариран принт+плетена блуза
карирани килоти со висок струк+бела кошула+џемпер+капа
карирано одело+беретка
миди панталони+кошула+долг џемпер+капут+чизми до глужд = сè во беж нијанси
свилени или сатенски панталони со висок струк+кошула со ревери
ролка+тиролка од твид/букле
мини здолниште+карирана кошула
карирано широко миди здолниште+црна ролка/џемпер+долг капут+високи чизми
свилени панталони со преклоп+волуменозен џемпер
мантил-фустан+високи чизми
џинс+блуза+макси капут
широки панталони на ластик+блуза+широк капут+масивни патики+капа
лакирано здолниште со патент+блузон
плетен тесен миди фустан+високи чизми во боја
панталони со висок струк и многу широки ногавици+ролка
плетено тесно здолниште+ролка+чизми-каубојки
плетен фустан со широк крој+бела кошула+чизми
кратки панталончиња на преклоп+волуменозен џемпер+капут во интензивна нијанса+високи чизми