Сте пробале ли печени круши со ванила?

16 јануари 2020

Постојат десерти како создадени за зимскиот период, а печени круши со ванила се еден од нив.

Ви звучи примамливо?

Еве како се прави:

Потребни состојки: 8 круши, 1 гранче ванила, 60 грама бутер исечкан на парчиња, 300 грама шеќер, 350милилитри црно вино, 250 грама свежи или замрзнати брусници

Подготовка:

-Загрејте ја рерната на 200 степени. 

-На дното на секоја круша направете дупка и очистете го јадрото. 

-Излупете ги крушите и на дното исечете тенко, рамно парче, за да може крушите да стојат.

-Со врв на нож, преполовете го гранчето ванила,а потоа со задниот дел од ножот извадете ги семките и тргнете ги на страна.

-Растопете го путерот на средна температура во голема тава во која ќе ги печете крушите. Додајте шеќер и ванила, и варете ги, околу 5 минути, повремено мешајќи, додека шеќерот не се стопи, а течноста стане темножолта.

-Потоа, внимателно додадете го виното во тавата, мешајќи додека сè не се соедини.

-Додајте ги крушите, поставете ги странично и печете ги 10-15 минути, така што повремено ќе ги вртите, а кога ќе омекнат, тоа е знак дека се готови.

-Ставете ги крушите вертикално во лонец и додадете брусници до нив. Тавчето вратете го во рерна, а лонецот ставете го на решетката над тавата. Крушите печете ги уште 20-25 минути, додека крушите не станат многу меки кога ќе ги боцнете со нож и додека поголемиот дел од брусниците не распукаат. 

-Откако ќе бидат готови, оставете ги крушите да се изладат околу 10 минути. Послужете ги кога ќе бидат топли, но на собна температура. 

-Ако сакате можете да комбинирате со сладолед или пудинг од ванила.

Сочно и вкусно!

 

 

Објавено:
16 јануари 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
915 пати
Извор: 
gastro.24sata.hr