Од дно до врв: Хоакин е навистина Феникс

17 јануари 2020

Во сезоната филмски награди, Хоакин Феникс доминира. Неговото актерско умештво презентирано во „Џокер“ го направија главен фаворит, дури и за најпрестижната награда „Оскар“, но и ги сврте светлата накај него, со што овој актер, за кој стручните лица ќе речат дека бил и потценет, конечно ќе излезе од сенка.

Но, под сјајот на моменталната ситуација, животот на Хоакин бил исполнет со животни трагедии, детство во секта, трауми, просење, злоставување... Филмските критичари сметаат дека оттаму и го привлекуваат проблематични филмски карактери, како овој што го крена до врвот!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Joker (@thejokerfleck) onJan 16, 2020 at 5:19am PST

 Хоакин Феникс е роден како Хоакин Рафаел Ботом во Порто Рико. Првите сеќавања ги врзува за родителите, братот и сестрите и нивниот живот во сектата „Деца божји“, која поттикнува интимни односи помеѓу возрасните и децата, односно односи меѓу роднини. Кога неговите родители сфатиле дека сектата всушнот не се занимава со религиозни теми, туку исклучиво со интимни активности, ја напуштаат и одлучуваат да се преселат на Флорида.

Таму и го менуваат презимето во Феникс и тоа не случајно.

Феникс е птица, во египетската митологија свето митолошко суштество, која после животниот циклус ќе изгори, а од пепелта ќе се создаде млад феникс, нов живот.

Сакајќи да оддадат почит на новиот живот, неговите родители се одлучуваат токму за тоа презиме.

Актерот накратко ќе го смени името во Лиф (лист). Сепак, оваа симболика нема да биде доволна, бидејќи тој и неговиот брат Ривер (река) и сестра Рејн (дожд) сè уште ќе се соочуваат со тежок живот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@joaquinphoenix_fanpage) onDec 13, 2019 at 7:39am PST

 Семејството е толку сиромашно, што нема ни за леб, па децата биле приморани да просат по улици.

Нивното семејство го сочинуваат уште две сестри Либерти и Самер Џој, кои во тој период сè уште не се родени, односно се бебиња.

Допирањето на дното, ќе донесе со себе нови животни моменти. Имено, еден ден, додека просат, ќе ги забележи агент за таленти, кој ќе им договори ангажмани во реклами и серии. И животот ќе почне да се менува.

Хоакин првата поголема улога ќе ја добие во серијата "The Riddle of Dyslexia", каде ќе глуми со братот Ривер, а после неколку години, ќе биде дел од хит филмот „Parenthood“, заедно со Стив Мартин и ќе воодушеви со својата улога.

И публиката и критичарите ќе реагираат позитивно на ова остварување, кое заработи повеќе од 100 милиони долари. После овој филм, Хоакин ќе биде прогласен за вистинска детска ѕвезда.

Талентот на неговиот брат пак, публиката ќе го види во „Indiana Jones“, каде ќе го глуми младиот Џонс и ќе стане голема ѕвезда, поголема од брат му. За улогата во „Running on Empty“ ќе биде номиниран за „Златен глобус“ во категоријата за Најдобар актер во споредна улога .

Додека Ривер ја уживаше популарноста, Хоакин бегаше од “животот под рефлектори“ и неможејќи да го издржи, ќе направи пауза од кариерата четири години, време што ќе го посвети на приватниот живот.

Но, неговиот брат ќе ги користи шансите, а ќе сака и да го покаже и својот музички талент. Така, во 1993 година ќе настапува во кубот „The Viper Room“ кој го бие лош глас.

Хоакин и сестрата Рејн ќе дојдат во клубот да го гледаат својот брат. Ќе видат како до себе има чаша со пијалак, кој вкушност е мешавина од дроги. Ривер, кој ќе биде познат и како „веганскиот Џејмс Дин“ во раните утрински часови ќе се струполи на улица, како последица од предозирање и ќе почне да се тресе во грчеви.

Рејн и Хоакин ќе бидат сведоци на овој момент. Рејн ќе се обиде да го оживее, додека Хоакин ќе биде на телефон со Брзата помош. Тој разговор подоцна ќе исплива и во јавноста.

„Има напади, дојдете ваму, ве молам. Морате да дојдете, ве молам, тој умира. Ве молам!“.

За жал, Ривер ќе почине, а Хоакин ќе се повлече повторно од јавноста. Актерот и денес не сака да зборува за оваа семејна трагедија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TOP (@cam_mood) onJan 17, 2020 at 3:41am PST

 Во една пригода ќе даде изјава: „Блиску сум до моментот да ја прифатам смртта на Ривер. Нема да речам дека разбирам, бидејќи тоа е нешто што никогаш нема да можам да го разберам. Единствено што можам е да ја прифатам неговата смрт“ и тоа ќе биде сè за таа тема.

Две години подоцна, се враќа на актерството и публиката најчесто го гледаше во споредни улоги, толкувајќи ликови кои се несигурни или имаат внатрешен кофликт, мрачна страна...

Во едно интервју и ќе рече дека неговиот брат прилично ја одредил неговата кариера:

-Кога имав 15 или 16 години, мојот брат Ривер дојде од работа дома и донесе ВХС касета со филмот „Raging bull “. Седна покрај мене и ме натера да го гледам. Следниот ден ме разбуди и ме натера да го гледам повторно.  А потоа ми рече: „Ќе почнеш повторно да глумиш, ова е тоа што ќе го правиш“. Не ме праша, ми кажа. И благодарен сум му поради тоа, затоа што актерството и глумата ми пружија неверојатен живот“, ќе каже Хоакин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@f9eill) onJan 17, 2020 at 2:38am PST

 

Така после подолга пауза ќе биде дел од филмот „ To Die For“. Во 2005 година ќе го сними „Walking The Line“, по што доброволно ќе замине на лечење од алкохолизам, проблем кој бил присутен во неговиот живот неколку години претходо.

„Заминав бидејќи станав свесен за своето опивање. Се потпирав на алкохолот, тој ми беше помош да се чувствувам добро“, изјави актерот по лечењето. 

Во 2008 година ќе исчезне пред почетокот на промоцијата на филмот „Two Lovers“ и ја остава колешката Гвинет Палтроу на сцената, а исечзнува и од јавниот живот.

Феникс важи за мошне повлечен и тивок човек. Во моментов живее со својата девојка Руни Мара. Неговиот круг пријатели е мал, а својата приватност ја штити од јавноста. Не е од типичните холивудски актери, не оди на забави организирани од ѕвезди и во отмени ресторани. Веган е, чија исхрана се базира само на овошје и зеленчук од неговата градина. Живее во стан вреден речиси милион и пол долари во Лос Анџелес, а поседува и неколку недвижнини заедно со актерот Кејси Афлек, кој ќе биде во брак со неговата сестра Самер Џој.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Art Magazine (@daily_art_magazine) onJan 16, 2020 at 5:39pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Secret Spot (@shame_harbor) onJan 16, 2020 at 3:10pm PST

Му се допаѓа тоа што луѓето не можат да допрат до него.

Во 2009 година во емисијата на Дејвид Летерман ќе соопшти дека не сака повеќе да глуми и дека сака да стане рапер.

„Тоа беше период кога сакав да излезам од сè, си го сакав мојот живот назад“, објасни актерот година дена подоцна.

 Режисерот Џејмс Греј кој го познава Феникс речиси 20 години ќе рече за него дека е еден од луѓето што никако не можете да ги подмитите, како и тоа дека воопшто не е површен.

-Се грижи за работата и за луѓето, но не и за медиумското внимание“, ќе каже режисерот во една прилика.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TTT JOKER (@ttt.joker) onJan 16, 2020 at 8:34pm PST

За да го толкува Џокер, поминал низ драматична и драстична трансформација. До снимањето ослабел неверојатни 52 килограми.

-Свесен сум колку обожавателите се опседнати со овие ликови и колку сакаат да ги видат пресликани од кориците на стрипот на филмското платно. Поради тоа максимално се трудам физички да се трансформирам во ликот кој го играм. Секако, сметам дека зад сите тие ликови се крие причина поради која тие станале такви, затоа што во суштина, сите негативци се луѓе на кои нешто лошо им се случило. Затоа сметам дека ова ќе биде интересен филм и дека ќе им се допадне на обожавателите, затоа што ќе можат да видат што е потребно да му се случи на човек за да се претвори во синоним на злото каков што е Џокер“, ќе изјави пред премиерата.

Таа искрена посветеност ќе биде препознаена и од публиката и од филмската фела.

Дали ќе му донесе и „Оскар“ останува да видиме на 9 февруари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aquele Filme (@aquelefilme) onJan 16, 2020 at 4:52pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jose Jimenez Rondon (@delvanisj) onJan 16, 2020 at 6:40pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by rebby (@queenrebby) onJan 17, 2020 at 2:00am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zao Squad (@zao3squad10) onJan 17, 2020 at 12:20am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Populer Culture And Cinema (@gelecekpostassi) onJan 16, 2020 at 2:59pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by joaquin.phoenix.Love(@joaquin.phoenix.love) onJan 16, 2020 at 2:50pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@joaquinphoenix_fanpage) onDec 28, 2019 at 1:53am PST

Објавено:
17 јануари 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.556 пати
Тагови: 
Хоакин Феникс