Првата дама Елизабета Ѓоргиевска во домашен дизајн во розови нијанси на официјалната посета на Полска

7 февруари 2020

Претседателската двојка, Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска неодамна беа во официјална посета на Полска.

За оваа пригода, првата дама одбра елегантна комбинација во фускија нијанса.

Се работи за капут кој има нагласени раменици, додека пак во долниот дел има мал карнер кој му дава женствена нота.

Под капутот, таа носи фустан кој ја следи линијата на телото, повторно со нагласени ракави, со интересни детали, сечен во пределот на половината, која пак дополнително е нагласена со црн тенок ремен со панделка.

Комбинацијата, која инаку ја потпишува нашата дизајнерка Лидија Георгиева е заокружена со црни хулахопки и чевли.

Од друга страна пак, првата дама на Полска, Агата Корнхаус Дуда,  ја пречека нашата претседателска двојка во триделен комплет кој е составен од црно здолниште и тенка блуза, а врз кои има мантил во колор-блок комбинација на беж и црно, со црн ремен на врзување.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prezydent RP Andrzej Duda (@prezydent_pl) onFeb 5, 2020 at 1:31am PST

Со црни салонки и бел капут е комплетирана комбинацијата. 

 

фото: www.president.pl

Објавено:
7 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.005 пати