Џејн Фонда на Оскарите носеше фустан од пред шест години

10 февруари 2020

Честа да ја соопшти последната и најочекувана награда на вчерашното 92.издание на „Оскарите“ ѝ припадна на Џејн Фонда.

Таа го прогласи „Паразит“ за најдобар филм за 2020 година, а на сцената се појави во црвена креација, која веќе ја носеше пред шест години.

Тоалетата што ја следеше линијата на телото на 82-годишната актерка ја потпишува Ели Сааб, а актерката претходно ја носеше на „Канскиот филмски фестивал“ во 2014 година.

Покрај црвениот фустан, таа имаше и црвено палто, за кое претходно изјави дека ќе биде последното парче облека што ќе го купи, а во контекст на нејзиното залагање за зачувување на природата и климатските промени, па оттаму и ист фустан и исто палто.

Токму во тоа палто таа беше уапсена на протестите што ги организираше а во насока на споменатата тема, па сигурни сме дека со тоа што го зема со себе на „Оскарите“ само сакаше да потсети на каузата за која се бори.

На страна од тоа, актерката изгледа фантастично исто како и пред шест години.

Објавено:
10 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
17.583 пати