Џејн Фонда (81) е стилска дури и кога ја апсат...

14 октомври 2019

Таа е една од најстилските и најталентирани актерки кои се појавиле во Холивуд било кога, а дека и на 81 година сè уште ја обожува модата, докажа и за време на апсењето во Њујорк.

Џејн Фонда во последно време е актуелна со протестите против климатските промени, а како што изјави, тоа ќе го прави додека не види дека се случуваат промени.

los_angeles_times

Актерката, заедно со другите 16 лица кои протестираа беше уапсена среде центарот на Вашингтон, а фотографиите од апсењето за кратко станаа вирални.

Дека е стилска дама дури и во овие моменти, докажа и со нејзината комбинација за време на протестот која се состоеше од црни панталони и ролка, потенцирани со впечатлив црвен капут и стилска шапка.

Актерката била пуштена по извршениот разговор со полицијата, а на нејзините обожаватели им се обрати со зборовите:

„Мора да бидеме сигурни дека климатската криза ќе остане во центарот на нашето внимание. Се чувствував дека не правам доволно“, напиша таа на социјалните мрежи.

Таа додаде и дека во следните неколку месеци ќе престојува во Вашингтон каде со група млади луѓе ќе протестираат против климатските промени како нешто итно и неизбежно.

the_independent

Останува судот да одлучи дали таа протестирала незаконски, а ако тоа се утврди и следува парична казна и 90 дена затвор.

Инфо: The New York Times

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.005 пати