Црвенокосата Вивиjaн Вествуд ја избричи главата

7 март 2014

Новата фризура на Вивиjaн Вествуд во знак на протест против климатските промени, беше главна тема која предизвика лавина коментари минатата недела за време на Париската модна недела. Сите беа шокирани и изненадени кога го видоа новиот имиџ на дизајнерката, чиј заштитен знак беа огнените прамени.

Подвигот на 72-годишната дизајнерка , беше инспирација и за уште неколку други личности кои ја поддржија во иницијативата. Сепак Вествуд покрај тоа што ја скрати косата,  продолжи да ги црта и бојадисува веѓите во црвена боја.

„Вивиен ја исече косата во знак на протест против климатските промени. Тоа е храбар чекор, затоа следете го нејзиниот пример и разбудете се. Втората причина за ваквата одлука е тоа што таа сака мала промена во својот изглед, и сака да покаже дека е горда на својата возраст “, изјави нејзиниот портпарол.

 

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Актуел