Веќе години наназад, после одржувањето на „Оскарите“ следи забавата во организација на магазинот „Венити Фер“. Покрај неа, низ годините се наметнаа уште неколку, помеѓу кои и онаа на Елтон Џон и неговата „AIDS Fondation“.

И за разлика од црвениот килим, кој беше далеку поневпечатлив за разлика од некои други изданија, забавата потоа понуди гламур.

Притоа, не мислиме само на светкави ткаенини и тантела како нешто што ќе понуди сјај, туку за комплетен стајлинг и интересни креации, па макар ги прогласиле и за не така добри. Мислиме на мода која ќе провоцира и предизвика коментари.

Така, на забавите потоа, имаше и оние што може да се ставаат во делот на „модни катастрофи“ или „несфатени изданија“, како на пример она на Емили Ратајковски, Џоан Смолс која се обиде да изгледа како сирена или Хајди Клум во тигрестата креација.

Но, од друга страна, се оние што се наметнаа на листата на најдобро дотерани.

Моделот Вини Харлоу која носеше бела креација на Вивиен Вествуд е дефинитивно една од нив. Ден потоа се зборува и за изгледот на Џесика Алба, која одбра креација во златна нијанса.

Кога сме кај златните, Трејси Елис носеше токму креација во златна нијанса на Зухаир Мурад од последната колцкија од Висока мода, исто како и Кери Вашингон, но изданието на втората е далеку подобро и повпечатливо од Елис, која знае добро да одбере, но овој пат едноставно е пренагласено.

 

Златната беше избор и на Шарлиз Терон која се појави во креација со реси со потпис на „Диор“, но и на Скарлет Јоханос која носеше „Оскар де ла Рента“.

Меѓу доминантните беа и црните креации, а од таа група посебно ни го привлекоа вниманието изгледот на Шерон Стоун и Роси Хантингтон Вајтли, која постави пример за елеганција.

Во тој манир беа и Оливија Вајлд, Гал Гадот и Кајли Џенер која пак имаше интересна креација од „Ралф и Русо“.

Меѓу присутните беа и Каролина Куркова, Марија Шарапова, Џенифер Лопез, Ким и Кање, кој пак се појави во одело кое го носеше со златен синџир и чизми до глужд на висока потпетица, потоа Ашер, Софија Вергара и уште многу други, а како изгледаа, проследете во галеријата на почетокот од текстот.

 

Објавено:
10 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
12.717 пати