Враќање во детство: Меки крофни со шеќер во прав

12 февруари 2020

Благи крофни со шеќер во прав нас нè враќаат во детството. Токму затоа се одлучивме денеска да ви презентираме како можете да ги направите.

Не секоја домаќинка сака да ја открие тајната за највкусните крофни, но ние имаме еден рецепт кој ќе го споделиме со вас. 

Состојки:

1кг меко брашно; 2 цели јајца и 2 жолчки; 1/2 шолја шеќер; 1 полна лажичка сол; 2 ќесички ванилин шеќер; 1/2 ќесичка прашок за пециво; малку изрендана кора од лимон; 100мл малсо; 500мл млеко; 1 лажичка ракија и 1 коцка свеж квасец;

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mirella (@mika.camic) onFeb 7, 2020 at 10:33am PST

Подготовка:

1.Во сад загрејте 100 мл млеко (но, да не биде врело), додајде 1 лажичка шежер и 1 лажичка брашно. Промешајте, а потоа додадете го и свежиот квасец. Оставете смесата да се „крене“.

2.Јајцата изматете ги заедно со останатиот шеќер и лажичка сол додека не добиете пенлива смеса, а потоа додадете ја во топло брашно помешано со прашокот за пециво. Потоа, додадете го топлото масло, лажичката ракија и убаво промешајте ги, а потоа додадете го квасецот и на крајот топлото млеко (останатите 400мл кои ви останале од делот што го искористивте за смесата со квасец).

3.Добиената смеса оставете ја на допло додека не се дуплира, а потоа префрлете ја на површина на која претходно ќе нанесете малку брашно и развлечете го тестото на дебелина од еден сантиметар. Со калап оформете ги крофните и кога ќе ја искористите целата смеса, оставете ги оформените крофни да се „кренат“. Потоа, свртете ги и од другата страна и почекајте и од таа да го зголемат волуменот.

4.Во длабок сад или лонце, ставете го маслото кое треба да биде врело, но не прегреано (да не се создаваат меурчиња). Ставете ги крофните во загреаното масло и внимавајте првата страна која ја оставивте да се крева да биде свртена нагоре (односно накај вас). Потоа, намалете ја температурата и поклопете со капак. После 20-тина секунди, тргнете го капакот и свртете ги крофните на другата страна, да се пржат, но сега не го ставајте капакот, за во средината да ви остане бела линија, како на фотографијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vinkovci Tourist Board (@visitvinkovci) onFeb 2, 2020 at 1:58am PST

5. Во шприц ставете крем или џем и наполнете ги крофните кои ќе ги наредите на сад на кој претходно сте ставиле салфетки. На крај, нанесете шеќер во прав и јадете со сласт!

Совет плус: Ракијата е дел од смесата, затоа што го спречува впивањето маснотии, како и совршената температура на маслото. Кога ги ставате крофните за пржење, внимавајте и на тоа колку ставате, затоа што ако претерате со количеството, температурата на маслото ќе падне, а крофните нема да ви успеат и ќе бидат со повеќе зејтин.

* Топлото брашно не е грешка. Пред да го ставите за смеса, загрејте го во рерна околу 3 минути на температура од 20 степени. Важно е сите состојки да бидат топли.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @kr.mateja_ onJan 20, 2020 at 1:20pm PST

Мислите дека е комплицирано?

Не е премногу, само внимателно следете ги упатствата. Или пак, порачајте некој да ви ги направи и уживајте во јадењето :)

 

Објавено:
12 февруари 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.414 пати