Колоритна, темпераментна и еклектична, новата H&M Studio колекција за сезоната пролет-лето 2020 веќе ги „окупираше" модните улици.
Иако поминаа само неколку дена од промоцијата на колекцијата, веќе ужива голема популарност во уличната мода, па Инстаграм е полн со фотографии на кои IT девојките носат по некое парче или целосни комбинации од новата линија чиј дизајн е инспириран од сурферската субкултура.
Токму затоа и преовладува жив, интензивен колорит што е првиот впечаток за колекцијата.
Понатаму, вниманието го привлекува слободната и лежерна линија на кроевите, што оставаат впечаток на пријатен и удобен, а истовремено сексапилен и вибрантен изглед.
Модните додатоци имаат свое посебно место, надополнувајќи го имиџот на девојка со отворен ум и слободен дух.