Како една фотелја може да го трансформира амбиентот во дневната соба...

11 март 2020

Деталите се значајни. Затоа никогаш не ја занемарувајте нивната улога и кога е во прашање ентериерното уредување.

Некогаш може да ви се чини дека нешто недостасува во дневниот престој или можеби дека нешто не е на место? Веројатно тука финесите имаат водечка улога...

Парче мебел и тоа како може да придонесе за визуелна трансформација на ентериерот.

Еден пример за таквата промена во вашиот дневен престој, е акцентот на фотелјата, како парче кое не мора да биде естетски синхронизирано со остатокот од мебелот. Напротив, во модерното уредување на ентериерите, многу често се прави контарст со примена на мебел во различни стилови.

Па така, ако остатокот од елементите во вашиот ентериер се во минималистички стил, тогаш може да ставите фокус со тоа што ќе одберете фотелја во еклектичен или ретро стил.

Или контрастот може да го постигнете со избор на впечатлива боја, дезен или текстил со кој ќе биде тапацирана фотелјата.

Освен естетската вредност, ова парче мебел е и исклучително функционално и практично, особено со оглед на неговата мобилност.

Фото: Pinterest

Објавено:
11 март 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.122 пати