Ријана има нова песна во соработка со R&B артистот Partynextdoor, насловена е „Belive it".
Песната се наоѓа на листата на неговиот нов албум „Partymobile", а Ријана се појавува како гостинка на албумот.
Популарната пејачка периодов комплетно се посвети на нејзините модни линии и на козметичкиот бренд „Fenty Beauty", па со оваа колаборација ги потсети своите музички фанови дека не ги заборавила.
Нејзинот последен музички албум „Anti" беше реализиран во 2016, а новиот албум иако го најавуваше за 2019 година, истиот сè уште е во студио и како што вели Ријана, работи на него.
Инаку деновиве пејачката наиде на голема поддршка откако донираше 5 милиони долари што ќе бидат искористени во борбата против глобалната пандемија.
Во очекување на новиот албум, слушнете ја „Belive it".