„Пирели“ запре со производството на календарот и донираше 100.000 евра

30 март 2020

„Пирели“ одлучи да запре со продукцијата на својот нов календар за 2021 година, а воедно да донира 100.000 евра во борбата против пандемијата.

За потсетување, календарот, кој е познат и како „The Cal“ од 1964, па досега еднаш годишно ги радува своите обожаватели со ново издание. Врвните фотографии се она по што календарот стана препознатлив низ годините, а имаше сосема различни концепти. Во минатото беше познат и по сексапилните убавици, максимално разголени, додека пак, во последните неколку години сосема го смени концептот и се фокусираше на уметничката вредност на фотографијата и истакнувањето на другите убавини на жените.

Ова не е првпат да запре продукцијата на календарот. Тоа се случило во 1967, 1975 и 1983 година, а причините секогаш биле општествени случувања и ситуации. Причината сега е состојбата со КОВИД -19 која го погоди целиот свет. 

Објавено:
30 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
231 пати