Добро утро. Сè уште важат мерките да останеме дома и да бидеме дисциплинирани, па затоа доколку не одите на работа или немате итна потреба да излезете, седете дома и чувајте го здравјето.

Оваа наша рубрика деновиве се однесува на сите оние што сепак одат на работните места, како и за инспирација за стајлинзи кога сето ова ќе заврши па ќе уживаме во пролетта.

Денешниот предлог е макси плисирано здолниште во светла беж нијанса.

Искомбинирано е со класична бела кошула, а за да се внесе динамика искористени се модните додатоци. Чантата е во корално црвена нијанса, додека пак, обетките се со интересна форма и сјајни, што ги прави уште повпечатливи.

На крајот, ставете очила за сонце, овде се со животински принт во кафени нијанси, но вие можете да изберете некои и во боја или пак какви и да ви се допаѓаат.

Ви посакуваме на сите убав ден и добро здравје.

Објавено:
14 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
723 пати