Добро утро. Започна уште една недела. Некои од вас се веројатно на работните места, други пак нè читате од дома, но се надеваме дека сите сте во добро здравје.

Нашиот предлог за стајлинг на ден денеска е макси широко цветно здолниште, нешто што секако одговара на пролет, иако според температурите сè уште не сме ја почувствувале во полн сјај.

Здолништето е искомбинирано со тенок џемпер во окер нијанса, како и чизми до глужд во пастелна во бела нијанса.

Сепак, доколку немате итна потреба, седете дома. Стајлингот може да ви послужи како инспирација за некои подобри денови.

Ви посакуваме убав ден на сите.

Објавено:
6 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
701 пати