Добро утро. Се надеваме дека сонцето придонесува да сте добро расположени и покрај тоа што треба да седиме дома.

За оние што се на работа или пак имаат итна потреба да излезат, денеска имаме комбинација од кошула и здолниште.

Здолништето е тексасно и на копчиња, но доколку имате некое слично од друг материјал, можете да го искористите.

Во случајов е искомбинирано со лежерна кошула во пастелно сина боја, но може добро да изгледа и со кошула со принт, или некоја свежа нијанса, или пак, добра опција е кошулата да ја замените и со маица.

Патики се изборот на обувки, а на сето тоа додадете очила за сонце и чанта или ранец.

Останете во добро здравје и имајте убав ден.

Објавено:
10 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.068 пати