Добро утро. Се надеваме дека сите што нè читате сте во добро здравје и расположение. Ние започнуваме стандардно со стајлинг на денот.

Сигурни сме дека веќе знаете дека треба сите да седиме дома и дека овие комбинации се инспирација доколку сте од оние што имаат итна потреба за излегување, или пак, инспирација за подобри денови :).

Денешната комбинација е составена од црни кожени панталони. Ако не сте обожавател на кожата, иако е апсолутен тренд, можете да ги замените со црн тесен џинс. Искомбинирани се со бела кошула и пинк џемпер, кој внесува вистинска свежина во стајлингот.

Црно-белиот краток капут и чевлите со црно-бел принт внесуваат динамичност во комбинацијата.

Ви посакуваме убав и релаксиран ден.

Објавено:
31 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
594 пати