Гага, Селин Дион, Џон Леџенд и Андреа Бочели со заедничка изведба на „The Prayer“

Селин Дион и Андреа Бочели во 1999 година ја снимија песната „The Prayer“, која стана хит. Единаесет години подоцна, песната доби нова верзија која, покрај оригиналните изведувачи, ја пеат и Лејди Гага и Џон Леџенд.

Овој спој на четирите музичари, придружувани од пијанистот Ланг Ланг, е во рамки на онлајн концертот кој Гага неодамна го организираше „One World“, а во кој земаа учество огромен број познати ѕвезди. 

Преку спонзори, односно донатори, Гага успеа да собере преку 35 милиони долари за помош на здравствените работници и Светската здравствена организација во броба со Ковид -19, а концертот беше поздрав и за сите луѓе ширум светот, бидејќи како вели пејачката, „во ова сме сите“.

Новата изведба звучи одлично, слушнете и погледнете од видеото погоре.

Објавено:
21 април 2020
Прегледно:
4.604 пати