Модерните невести ги обожуваат: Екстравагантни Елена Лука венчаници со карнери

12 мај 2020

Во актуелната колекција венчанци за сезоната 2020, модниот бренд Елена Лука тенденциите ги обедини со својот уникатен дизајнерски израз, доведувајќи ја целината до совршенство.

Во дизајнот на венчаниците се имплементирни карактеристични техники на изработка, што ја вклучуваат и рачната изработка на деталите, процес кој бара огромна посветеност и на секој модел му дава непроценлива вредност! Најфините луксузни материјали се уште една препознатлива и исклучително значајна карактерна нота во дизајнот на венчаниците на Елена Лука, секогаш впечатливи и олицетворение на вистинската авангарда.

Венчалните фустани со карнери се издвојуваат како еден од водечките трендови за претстојната сезона, а во новата венчална линија на Елена Лука, ќе посведочите на нивните најраскошни изданија.
Карнерите како детаљ што ја облагородува венчаницата, во актуелната колекција венчаници се дефинирани во различни верзии. Кај некои модели карнерите се доминантни, додека кај други се поставени како акцент што визуелно ја збогатува венчаницата.

„Секоја венчанца заслужува посебно внимание имајќи ја во предвид посебноста на моментот за кој е наменета. Затоа нашите клиенти точно препознаваат дека венчаниците на Елена Лука се еден посебен свет во кој секоја венчаница е приказна за себе. Највисоките стандарди и врвниот професионализам во креирањето на венчалниот фустан, како еден од најзначајните сегменти во сведбената церемонија, се карактеристика на работењето на Елена Лука по која со години наназад сме препознатливи. Во актуелната колекција венчаници, авангардноста повторно доаѓа до израз. А тоа подразбира посветеност до најситни детали, за целината да биде воодушевувачка и приоритетно да соодветствува на карактерот и стилот на невестата. Карнерите ги имплементиравме во дизајнот на повеќе модели, со што добивме ефект на впечатливост, слоевитост и екстравагантност и со тоа актуелните тенденции ги поставивме во симбиоза со нашата препознатливост како бренд", вели г-ѓа Елена Лука, креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.

г-ѓа Елена Лука, креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.

Елена Лука ги поканува сите идни невести да го закажат својот VIP термин и за нив да ја креира венчаницата од соништата.

Од 2008 година Елена Лука го гради својот идентитет на врвен и најголем моден бренд во нашата земја, кој ги постави на највисоко ниво стандардите во модата. Следејќи ги своите водечки постулати на беспрекорен и луксузен дизајн, нослива уметност и авангарден пристап во креирањето, Елена Лука се профилираше како светски, а наш бренд што ги диктира тековите во модниот свет кај нас.

Закажете го Вашиот приватен, ВИП термин доколку сакате тимот на Елена Лука да изработи за Вас уникат по мерка, во комплетно безбедна средина со максимално обезбедени услови и совршено пријатен амбиент во кој тимот целосно ви е посветен Вам.

 

Објавено:
12 мај 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.092 пати