300 часа работа за ремек делото „Black Swan“ на Елена Лука

23 април 2020

Во време кога брзата мода го изгуби компасот, вистински е мигот вистинските вредности на модниот дизајн да се вратат на пиедесталот.

А трајните вредности во модата бараат посветено време, страст, инстинктивно чувство за убавина која ни го оплеменува животот. Тие се создаваат за да траат вечно, а не за една сезона или полусезона.

Знаете ли дека за ова ремек дело што го потпишува модната куќа Елена Лука, беа потребни повеќе од 300 часа посветена работа на цел тим професионалци?

Зад приказната на „Black Swan" се проткаени љубов и визија кои итаат кон совршенствно, кон парче уметност кое восхитува и плени, кое создава директна релација со раскошот и елеганцијата, што се во основата на овој дизајн.

Креацијата е еднаква на идентитет. Во неговиот карактер ќе се препознаат жените кои се пред своето време и над стандардите.

„Ова време на радикални промени, длабоко се одразува во модниот свет и го менува начинот на кој овој свет комуницира и функционира. Добрата страна е што во оваа ситуација препознаваме предупредување, модата забрза до неиздржливо темпо, затоа што долго време не се почитуваше инспирацијата, музата, креативноста, туку профитот. Затоа, сега е вистинско време да застанеме, да земеме здив и да и се вратиме на вистинската вредност на модата. А таа вредност за да остане трајна, бара сериозна посветеност, „More is more", разбирање, знаење, љубов, кон тоа што го работите. Впрочем, Елена Лука својата препознатливост ја изгради токму на овие атрибути на дизајнот. Секогаш мојата крајна визија била да создадам дело кое ќе раскаже приказна, кое има своја племенитост и во кое секој ќе може да ја види убавината, а таа се состои во уникатните детали што ја сочинуваат целината", вели г-ѓа Елена Лука, креативен директор, сопственик  и водечки дизајнер на брендот, за идејата и процесот на креирање на дизајн со ваква уметничка тежина.

Елена Лука - сопственик, креативен директор и водечки дизајнер 

Беспрекорната рачна изработка која секогаш била главен адут на големите мајстори на модниот дизајн, се во суштината на секое парче уметност што го креира овој моден бренд, во неговата генетика и традиција која си обезбеди безвременост.

Создадено за да трае, плени и да раскажува приказни...

 

 

Елена Лука - сопственик, креативен директор и водечки дизајнер

 

Елена Лука - сопственик, креативен директор и водечки дизајнер

Од 2008 година Елена Лука го гради својот идентитет на врвен и најголем моден бренд во нашата земја, кој ги постави на највисоко ниво стандардите во модата. Следејќи ги своите водечки постулати на беспрекорен и луксузен дизајн, нослива уметност и авангарден пристап во креирањето, Елена Лука се профилираше како светски, а наш бренд што ги диктира тековите во модниот свет кај нас.

Закажете го Вашиот приватен, ВИП термин доколку сакате тимот на Елена Лука да изработи за Вас уникат по мерка, во комплетно безбедна средина со максимално обезбедени услови и совршено пријатен амбиент во кој тимот целосно ви е посветен Вам.

Објавено:
23 април 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.671 пати