Асиметричниот крој, како и карнерите, се тенденции што и ова лето се на врвот на листата на трендови.
Споени во едно ексклузивно модно парче, создаваат совршенство.
Како таков пример, ќе ја посочиме оваа раскошна тоалета од модниот бренд Елена Лука.
Егзотичната тиркизна нијанса го надополнува впечатливиот изглед, во кој акцентот е на масивните карнери на едното рамо и композицијата од рачно везените детали, што ја збогатуваат уникатната целина.
Романтична и екстравагантна тоалета, создадена за дами кои ја препознаваат уметноста во модниот дизајн.
„Рачно дефинираните детали му даваат посебна вредност на секој уникатен дизајн. Тоа е всушност и карактеристична препознатливост за модниот израз на Елена Лука. Секогаш внимаваме на квалитетот и прецизноста во рачната изработка на деталите, затоа што така создаваме уметност која е неповторлива и безвременска", вели г-ѓа Елена Лука, сопственик, водечки дизајнер и креативен директор.
Од 2008 година Елена Лука го гради својот идентитет на врвен и најголем моден бренд во нашата земја, кој ги постави на највисоко ниво стандардите во модата. Следејќи ги своите водечки постулати на беспрекорен и луксузен дизајн, нослива уметност и авангарден пристап во креирањето, Елена Лука се профилираше како светски, а наш бренд што ги диктира тековите во модниот свет кај нас.
Закажете го Вашиот приватен, ВИП термин доколку сакате тимот на Елена Лука да изработи за Вас уникат по мерка, во комплетно безбедна средина со максимално обезбедени услови и совршено пријатен амбиент во кој тимот целосно ви е посветен Вам.