Скопскиот мандолински оркестар под водство на маестро Ерхан Шукри ќе ви ја разигра и разгали душата...

13 мај 2020

„Од нашите домови, до светот како заеднички дом..." со оваа порака, Скопскиот мандолински оркестар под диригентско водство на маестро Ерхан Шукри, испратија музички поздрав со онлајн верзија на сегмент од „Latino groove" од германскиот композитор Dieter Kreidler.

Еден позитивен аспект во актуелната ситуација е и потсетувањето на бесценетата обединувачка моќ на музиката. Нашиот познат диригент Шукри и мандолинскиот оркестар под негово водство, решија да се приклучат на глобалната музичка мисија и да придонесат за одржување на моралот и позитивната мисла кај публиката, преку нивната уметност, барем до моментот кога повторно ќе ја имаме можноста непосредно да уживаме во нивните концерти.

Претходно, музичкото семејство Шукри (Ерхан Шукри на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и Рамадан Шукри на контрабас) ја почестија својата публика со уште една, интимна изведба на „Sultan" од Fahir Atakoğlu, од топлиот амбиент на нивниот дом.

Разгалете си ја душата со двете онлајн изведби.

Објавено:
13 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.059 пати