Слушнете како звучи „На Велигден“ кога Џокси го придружува хорот „Мирче Ацев“

„Химната“ на најголемиот христијански празник - Христовото воскресение, „На Велигден“ на Џокси, доби своја „карантинска“ верзија.

Овојпат Џокси во изведбата од дома, го придружува академскиот хор „Мирче Ацев“, со адаптиран хорски аранжман на Дами Емири, под диригентско водство на Јасмина Ѓорѓеска.

Уживајте во онлајн адаптацијата на евергринот на Џокси.

Објавено:
17 април 2020
Прегледно:
6.933 пати