Видео: Прошетка низ празното италијанско гратче Варена покрај езерото Комо

Иако во тишина и спокој без вообичаените туристи, малото италијанско гратче Варена покрај популарното езеро Комо, шармира со целата своја магичност, за што сведочи неодамна направено видео, објавено на фан страната idressitalian.com.
Преку видеото ќе прошетате низ тесните калдрмени улички на рибарското гратче, а попатно ќе ве поздрави по некој од малкуте локални жители што сега вистински го уживаат неговиот мир.

Живописно, зелено, со куќички со пространи и убаво уредени дворови, Варена е рај за романтичарите кои преферираат спокој наспроти бучните туристичи дестинации.

Како изгледа неговиот спокој во овој вонреден период, автентично е доловено преку видеото.

Фото: Wikipedia

Објавено:
13 мај 2020
Прегледно:
128 пати