Ева Лонгорија на Кански филмски фестивал се појавила во фустан обелечен наопаку

23 мај 2020

Овој период од годината традиционално се одржуваше Канскиот филмски фестивал. Ситуацијата со Ковид-19 го одложи и неговото одржување, но тоа не ги спречи ѕвездите да се присетат на некои свои модни изданија и ситуации и да се потсетат на еден од најпрестижните филмски фестивали.

Во тој контекст беше и една од инстаграм објавите на Ева Лонгорија. 

Таа сподели фотографија од Канскиот филмски фестивал од 2005 кога се појави во кус фустан со  жолти цветови.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onMay 20, 2020 at 12:03pm PDT

„Уште еден момент од Кан за вас! Интересна приказна има за овој фустан. Слетав во Кан, а мојот багаж, со фустанот што требаше да го носам, не стаса! Пристигнав во хотел и од „Лореал“ ми најдоа „back up“ фустан во последна минута. Имав помалку од 30 минути пред да се појавам на црвениот килим, така што го облеков и истрчав од соба! Како што излегов од колата, така илјадници фотографи викаа по мене и го видов стилистот како трча по мене и вика „си го облекла наопаку!!!“. Да, овој фустан е наопаку облечен и не можев ништо да сторам во врска со тоа. Затоа, само продолжив. Длбаокиот V-израз беше осмислен да биде на грбот“, откри актерката.

Пред неколку години, во нашите медиуми одекна веста и дека нашата фолк-пејачка Благица Павловска за еден настап облекла долг фустан наопаку на истиот начин - отворот што бил предвиден за грб, во нејзиниот случај беше преден дел на креацијата. Каква била тогаш ситуацијата не знаеме, но очигледно може да се случи секому.

Само што, во случајот на Лонгорија, да не го признаеше тоа, веројатно никогаш и немаше да претпоставиме, додека кај пејачката беше позабележително.

Објавено:
23 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.732 пати
Тагови: 
Ева Лонгорија