Ентузијастички подвиг: 70-годишна уметница ја трансформираше својата куќа со боите на виножитото

27 мај 2020

А да додадеме малку колор на секојдневието и на животниот простор?

Или подобро наместо малку, да им додадеме многу повеќе колор?

Втората опција беше најприфатлива за 70-годишната уметница Џејн Готлиб која всушност е опседната со бои, а тоа го покажа и на дело.

Својот имот во Калифорнија таа буквално го претвори во виножито. И однадвор и одвнатре.
Фасадата на нејзината куќа е обоена во свежи, живи, интензивни бои што доловува концепт кој наликува на музеј на современа уметност или можеби на забавен парк. Секој може да го толкува како сака, затоа што амбиентот тоа и го дозволува.

Истото расположение продолжува и во ентериерот. Мебелот, ѕидовите, подовите, декоративните елементи – сè е обоено во виножито нијанси.

 

Џејн е свесна дека овој стил не може секому да му се допадне, дури за Daily Mail ќе каже дека на нејзините соседи воопшто не им се допаѓа промената, но таа ужива во оваа атмосфера, а тоа впрочем е и најважно!


Вели дека за трнасформацијата ѝ биле потребни околу два месеци и 5.000 долари, а еве го резултатот...

Фото, извор: Daily Mail

 

Објавено:
27 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
391 пати