Ташана Кораќ – урбана девојка од Белград која на Инстаграм плени со женствениот стил

10 јуни 2020

Женственоста во светот на современата улична мода честопати е ставена во „резерва". Но, иако актуелните светски модни блогерки во голем дел го промовираат андрогениот стил или еклектичниот пристап што вклучува микс на различна естетика, сепак некои девојки остануваат верни на женственоста во нејзината есенцијална форма и како таква, ѝ даваат место и значење на социјалните мрежи преку својот личен имиџ.

Меѓу таквите, е и младата дама Ташана Кораќ  @tasana_korac од Белград, чиј Инстаграм профил е олицетворение на романтика преточена во мода.

Ако посветите малку внимание и ги разгледате фотографиите што таа ги објавува на оваа социјална мрежа, ќе забележите дека значајна улога во нејзиниот стил имаат лелеавите, женствени фустани и здолништа, кошулите со нагласени рамена или со панделки, како и елегантните детали, а сето тоа обединето под исклучителното лично чувство за естетика.

Таа е и ко-основач на онлајн етикетата „Kiwi" посветена на дизајнирање на облека за жени и деца, па често во своите комбинации имплементира и парчиња од својот бренд, како идеална форма на промоција.

Доколку ви недостига женственост на социјалните мрежи, ова е профил каде ќе ја најдете.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tašana Korać (@tasana_korac) onJun 10, 2020 at 2:30am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tašana Korać (@tasana_korac) onJun 9, 2020 at 11:50am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tašana Korać (@tasana_korac) onJun 8, 2020 at 2:18am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tašana Korać (@tasana_korac) onJun 4, 2020 at 11:06am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tašana Korać (@tasana_korac) onJun 3, 2020 at 11:26am PDT

Објавено:
10 јуни 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.084 пати