Инстаграм профил што сведочи за најдоброто стилско трио: мајка и ќерки

10 јули 2020

Хана, Солеил и Винтер се добро познато стилско трио на Инстаграм.

Симпатиите на јавноста ги освоија откако Хана (мајката на двете преслатки девојчиња) како поранешен модел, реши да го искористи своето искуство во модниот свет и да се посвети на модниот блог во кој покрај неа главните модни икони ќе бидат двете нејзини ќерки.


Блогот е и повеќе од успешен со над 267 илјади следбеници на Инстаграм каде ќе ги најдете под називот @hannahstraffordtaylor.

Непретенциозен, со содржни низ кoи се прикажани нивните секојдневни стилски авантури, овој блог е шарена разгледница во која мајките на мали девојчиња ќе најдат инспирации како да го усогласат својот стил, особено за некоја посебна прилика.

Ако посветите малку внимание и го анализирате нејзинот имиџ, лесно ќе препознаете дека Хана преферира романтична и женствена естетика, што одлично ѝ прилега.

Периодов, во плакарот на ова стилско трио актуелни се фустаните и кошулите со „пуфкасти" ракави, што е еден и од модните хитови ова лето.

Инспирирајте се!

Објавено:
10 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.135 пати