Модни додатоци во златна нијанса по примерот на блогерката Хана

19 јули 2023

Британката Хана Страфорд – Тејлор е модна блогерка која што негува префинет и романтичен изглед.
Таа својот стил го опишува како софистициран, елегантен, а сепак носив во секојдневни комбинации.

Покрај беспрекорниот стајлинг, Хана обожува модни додатоци во златна нијанса.

Летото е време кога сакаме да заблескаме, а таа и тука може да помогне со своите Инста објави.

Самата боја се поврзува со елеганција и раскош, а нијансата одлично се сложува и со здрав и исончан тен.

Прстени, алки, ланчиња, чанти сè може да дојде во златна нијанса и да му даде раскошност на вашиот изглед.

Ваквиот тип на додатоци со сигурност ќе привлече внимание, она што треба е само правилно да ги координирате со остатокот од облеката.

Неутралните бои како белата, црната или кремавата одлично се сложуваат со златните модни додатоци, но може да ги носите и со сини нијанси или розови.

Мала фото лекција од Хана во продолжение.

Објавено:
19 јули 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.083 пати