Убави вести: Јелена Јованова стана мајка

12 јуни 2020

„Јеленче стана мааааммаааа!!! Драчево е нозе! И Хрватска по малце...“, вака Игор Џамбазов ѝ ја честиташе убавата вест на актерката Јелена Јованова.

Со оглед дека 35-годишната актерка секогаш се труди да ја зачува приватноста од очите на јавноста, оваа информација беше прилично изненадување за сите.

За потсетување, Јованова во 2015 година се омажи за актерот Стјепан Периќ, со кого се запознаа на снимањето на хрватската серија „Тајна“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jelena Jovanova Official (@jelenajovanovaperic) onAug 8, 2018 at 2:41am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jelena Jovanova Official (@jelenajovanovaperic) onNov 19, 2019 at 8:20am PST

Уште пред неколку години, таа изјави дека е подготвена да се реализира како мајка и за хрватските медиуми откри дека бројот три за неа е идеалниот број.

Официјални информации за полот и името сè уште нема, иако во медиумите се појавија веќе информации дека убавата актерка родила син.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jelena Jovanova Official (@jelenajovanovaperic) onNov 14, 2018 at 4:00pm PST

 

Објавено:
12 јуни 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.613 пати