Петок во фустанче и патики
•
26 јуни 2020
Добро утро. Пред нас е сончев петок, одличен почеток на викендот, зар не?
Нашиот денешен предлог е кратко фустанче во пастелно сина боја. Она што го прави интересно е ткаенината и волуменозните транспарентни ракави, нешто што е апсолутен хит периодов.
Одлично изгледа во комбинација со патики, а вие можете да направите и друг избор на обувки. Чанта, очила за сонце, а и шапка би била супер избор за моден додаток.
Ви посакуваме убав ден.