Како да спречите иритација на лицето од носењето маска во лето?

7 јули 2020

Заштитните маски, сакале да признаеме или не, станаа дел од нашето секојдневие. Препораките се дека треба да ги носиме, бидејќи сепак претставува препрека на вирусите да навлезат во нашето тело.

Сепак, доколку имате чувствителна кожа, редовното носење маска или подолгото носење може да предизвика иритација. Што да преземете тогаш?

-Возависност од материјалот и периодот во кој ја носите маската, таа може да ги блокира порите на површината на кожата и да предизвика појава на акни, или иритација од жешкото време. За да го спречите тоа или да ја поправите состојбата, бирајте маски од природен материјал, памук е најдобриот избор. На тој начин ќе ја минимализирате потта и таложењето на маснотиите. Исто така, кога сте на отворено, сами или на доволна физичка дистанца, земете здив и одморете ја малку маската.

-Подгответе ја кожата. За да ја спречите иритацијата, секогаш пред да ја ставите маската, на лицето нанесете крема за хидратација и почекајте убаво да впие. Исто така, не заборавајте ја негатана лице со млеко и тоник, кои исто така ќе пружат хидратација. Шминката е исто пожелно да се избегнува, посебно ако имате чувствително лице.

-Можете да носите и заштитен фактор. Иако маската прекрива голем дел од лицето, сепак не не' штити од штетното УВ зрачење.

-После секое носење, платнените маски треба да се перат. Ако пак, не сте во можност да го направите тоа, тогаш набавете си резерви. Важно е да не се шетате со нечиста маска. Можете да ја перете во машина за алишта или пак,рачно со сапун и во топла вода, тријте најмалку 20 секунди. Потоа темелно исперете ја и оставете на сонце да се исуши. Ако сте во можност, испеглајте ја на пареа.

-Не ставајте ја маската на брада, дури ни за кратко, бидејќи на тој начин ја чистите брадата од површински нечистотии, а тоа потоа ќе го ставите на уста. Не е во ред нели? А ако сте пушач посебно не правете го тоа, бидејќи тогаш и чадот од цигарите, заедно со нечистотиите од брадата ги ставате на уста и остатокот од лицето.

 

Објавено:
7 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.067 пати