Правилна депилација на лицето

8 јули 2013

Имајте во предвид дека за успешна депилација потребно е влакното да биде порасната барем пола сантиметар. Никогаш немојте да правите депилација на лицето без пред тоа да го истестирате восокот на друг дел од телото. Исто така, топлината на восокот треба да биде умерена, да нема во него мириси, вештачки бои или состојки на кои сте алергични.

Депилацијата на лицето може да предизвика иритација, црвенило или чешање, но најчесто сето тоа го снемува по ден или два. Најдобро би било да не го допирате лицето со голи раце, а на местото каде што сте нанеле восок, добро би било да стави коцки лед со цел да се избегне воспалувањето на кожата.

Не треба да излегувате надвор веднаш по депилацијата, а доколку црвенилото од депилацијата не ви го снема по два дена,тогаш немојте повторно да го депилирате лицето со восок. Исто така се препорачува првиот ден да избегнувате користење на шминка и да и дозволите на кожата да дише.

Лицето не го депилирајте со восок доколку сте дијабетичар, доколку имате проширени вени, мозолчиња, осип на лицето или младежи. Исончаната кожа исто така не е добро да се третира со восок, а истото се однесува и за бремените жени,  оние кои користат контрацептивни пипули, антибиотици или примаат хормонска терапија. Но доколку се решите на овој чекор, тогаш нанесете восок на надлактицата, па доколку нема негативни реакции да продолжите со депилација на лицето.

Објавено:
8 јули 2013
Категорија: 
Убавина