Лежерно и впечатливо: Машка кошула + џинс

7 јули 2020

Постојат комбинации кои не се претенциозни, а оставаат голем впечаток. Токму таква е онаа со машка кошула и џинс.

Лежерна, но доколку знаете како да ја искомбинирате може да биде елегантна и шик. Најчесто се носи преку џинс, малку раскопчана, но ништо помалку добро не изгледа доколку се врзе предниот дел во јазол.

Бела или сина машка кошула се најчестиот избор за комбинација. Добро изгледаат и на класични фармерки, но и на тексасен шорц или здолниште. Во последно време стануваат популарни комбинации и со машки кошули со кратки ракави, а досега најчесто беа застапени оние со долги ракави кои се носеа подвиткани.

Ако умеете да носите волуменозни парчиња, тогаш можете да одберете и до два броја поголема кошула, но доколку така нема да се чувствувате удобно, а сепак сакате да видите како би изгледал овој тренд на вас, одберете модел еден број поголем.

Постојат девојки кои машките кошули ги носат како кошула-фустан со ремен, а има такви што едноставно сакаат да уживаат во нивната лежерност и ги комбинираат со патики, еспадрили, или балетанки.

Летово, можете да се обидете со оние со кратки ракави, кои доаѓаат и во посмели принтови - тропски, овошни... или пак да се задржите на проверената лежерна варијанта.

Додадете по некој летен моден додаток како шапка или марама, со сигурност ќе бидете забележани.

Објавено:
7 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.415 пати