Добро утро. Се надеваме дека сте во добро расположение и дека со нас го започнувате денот. Нашиот денешен предлог за стајлинг се фармерки и блузичка на риги.

Одберете ги фармерките кои ви даваат удобност и во кои изгледате добро. Блузата на риги во конкретниов случај е црвено-бела, но вие можете да одберете и друга комбинација која ви се допаѓа.

Црвени мокасини се изборот на обувки, додека чантата е плетена, што сезонава е вистински хит.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
9 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
718 пати