Добро утро. Дождлив четврток, но не мора да влијае на нашето расположение. Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација составена од светли бои, со кои дефинитивно сакаме да му пркосиме на сивилото надвор.

Фармерките во пастелно жолта со 3/4 должина на ногавиците искомбинирајте ги со ролка во истата нијанса и подолга јакна, која во примерот е во пастелно сина нијанса. Врз неа има стилска кабаница со качулка, а изгледот е заокружен со чизми до глужд и чадор во црвени нијанси.

Изборот на бои направете го според вашите можности и естетски сензибилитет, но секако не пропуштајте да вклучите макар едно парче во впечатлива боја.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
17 март 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
498 пати