Добро утро. Ако судиме по студот и ниските температури, зимата допва ни следи. Токму затоа и нашиот денешен предлог е една топла комбинација, која може да ви послужи како инспирација.

Облечете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со топол џемпер. На фоторгафијата овој е во црвено-бела комбинација, но вие усогласете ја според вашите можности.

Крзнените капути, односно teddy bear капутите се се' уште актуелни, а на примерот е во црвена боја.

Чизми на потпетица и чанта се модните додатоци со кои е заокружен.

Ви посакуваме убав ден.

 

Објавено:
20 јануари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.150 пати