Пет работи кои никако не требате да ги чистите со вода

9 јули 2020

Често мислиме дека водата чисти сè и дека е наш најдобар сојузник во целта да имаме што почист дом. Но, сепак не е така.

Во продолжение прочитајте кои шест работи никако не треба да ги чистите со вода:

Кадифе: Ако имате некој предмет или парче мебел од кадифе, кое патем е голем хит во внатрешното уредување, заборавете на вода. Ткаенината е мошне чувствителна и доколку пробате да ја исчистите со вода, а потоа оставите да се исуши, ќе ви остане трага што водата ја направила. За да исчистите на пример, перници или мебел од кадифе, користете специјално средство за текстил или четка. Истото важи и за материјали како кожа или микровлакна.

Ламинат: Сигурни сме дека ламинатот често го поминувате со џогер и вода. И иако многу подови од дрво и ламинат се водоотпорни, сепак со тек на време и чистење со вода, можат да се оштетат. Затоа, подобро да ги чистите со специјален чистач за подови односно ламинат, кој можете да го сретнете по продавниците.

Електрични апарати: За ова сите знаеме, но сепак ни се случува екранот од телевизорот или компјутерот да го пребришеме со влажна крпа. Ако има упорни дамки, тогаш на крпа нанесте благо средство за чистење и со неа исчистете го апаратот. Постојат и посебни крпи за чистење екран, директната вода или премногу натопената крпа во вода не се добра опција.

Свила: Ова е уште една чувствителна ткаенина на вода. Ако имате свилена постелнина или блуза од овој материјал, знајте дека кога ќе дојде во допир со вода, можат да останат дамки. Затоа, секогаш подобро однесете ја на хемиско, отколку да се обидувате сами да ја исперете.

Мермер: Можеби ви звучи чудно, но мермерот секогаш се чисти на суво, никогаш со вода. Грубата и нечиста површина можете да ја исчистите со четка или да уклучите правосмукалка. Ако сепак и покрај тоа не можете да ја тргнете и морате да употребите вода, користете ја што помалку, инаку после некое време на површината на мермерот ќе се создадат наслаги бигор.

 

 

 

Објавено:
9 јули 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.363 пати