Татко се облече како сирена за роденденот на ќерка си

16 јули 2020

Нема шанси да не се насмевнете и разнежните на овие фотографии.

„Татковци, бидете првата љубов на својата ќерка и таа никогаш нема да се задоволи со ништо помалку“, со оваа порака фотографот кој твори под името „Desireal Deal Photography“ ја објави фото-приказната која предизвика огромно внимание.

Се работи за фотографии на кои таткото за осмиот роденден на ќерка си е облечен како сирена.

„Таа сакаше нејзиниот татко да биде дел од забавата. Смеењето, радоста и спомените кои тие ги создадоа се асполутно најдобриот подарок што тој некогаш можел да ѝ го даде. Не се сомневам дека оваа приказна, овој бесценет спомен ќе се прераскажува со генерации“.

Фотографиите собраа илјадници лајкови и коментари, а погледнете и зошто.

 

извор: Desirae Deal Photography;

Објавено:
16 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
470 пати