Оскаровецот Ал Пачино во 82-та година од животот, повторно ќе стане татко, по четврти пат.
Неговата девојка, 29-годишната продуцентка Нор Алфала е во осмиот месец од бременоста и заедно го очекуваат нивното прво задничко дете, пренесуваат таблоидите откако веста беше потврдена од претставник на легендарниот холивудски актер.
Парот е во врска од април 2022 година, а честопати се забележани заедно во Лос Анџелес.
Интересно е што оваа вест доаѓа по информацијата дека неговиот долгогодишен колега и пријател, Роберт де Ниро неодамна стана татко по седми пат, па сега и двајцата се во „клубот" на возрасни холивудски татковци.
Инаку Пачино веќе има три деца од две жени, близнаците Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино (22) од бракот со Беверли Ди Анџело и, Џули Пачино (33) од бракот со Џен Терант.