Дали Џенифер Анистон навистина е во процес на посвојување дете?

14 април 2021

Деновиве во јавноста излезе веста од страна на TMZ дека Џенифер Анистон, за време на првото снимање со новите епизоди на серијата Friends, им се доверила на своите колеги дека е во процес на посвојување дете и дека е подготвена да стане мајка. 

Меѓутоа, портпаролот на актерката јасно ги демантираше тие гласини изјавувајќи дека „...се невистинити и тоа никогаш не се случило“.

Анистон и нејзината одлука за мајчинство честопато се тема на разговор на таблоидите, а не го прескокнуваат ниту нејзиниот љубовен живот па конкретно во моментов е исклучително актуелна непотврдената афера со поранешниот сопруг Бред Пит. 

Во едно интервју во 2019 таа зборуваше дека своите бракови ги смета за успешни, бидејќи во моментот кога со партнерот престанале да бидат среќни, решиле да го прекинат бракот и да ја бараат среќата надвор од него. 

„Со гласините за моите бракови и семеен статус, јавноста го поткопува сето она што досега сум го постигнала, сите мои професионални успеси, сè што сум изградила и создала. Тоа е навистина плитко гледиште на луѓето,“ изјави актерката.

Објавено:
14 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
265 пати