Кој беше награден на доделувањето на шкотските модни награди?

11 октомври 2013

Иако се одржуваат осма година по ред,  оваа манифестација стана една од најпрестижните. „Доделувањето на шкотските модни награди стана глобално препознатлив настан во кој се вклучени сите креативни таленти кои со својата работа оставаат печат во светски рамки“ – изјави Теса Хартман.

Погледнете ја целосната листа на наградени во продолжение:

Шкотски дизајнер на годината- Кристофер Кејн

Интернационален дизајнер на годината – Шанел

Шкотски модел на годината – Мери Чартерис

Шкотска модна икона – Емел Санде

Најмлад шкотски дизајнер на годината – Џенифер Морис

Најдобар шкотски текстилен дизајнер на годината – Алис Палмер

Најдобар шкотски дизајнер на модни додатоци на годината – Finlay & Co

Откритие на годината – Лорен Смит

Шкотски амбасадор на годината – Харис Твид Хебридс

Објавено:
11 октомври 2013
Категорија: 
Актуел