За животот како супермодел

Неоми Кембел открива: Не бевме свесни дека се однесуваме како детишта

21 август 2020

Наоми Кембел пред неколку месеци го прослави 50 роденден, а реши да го одбележи и со книга. Се работи за мемоари насловени едноставно како „Наоми“.

Во книгата таа раскажува како изгледал нејзиниот и животот на останатите девојки (Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд и најмладата меѓу нив, Кејт Мос)  кои беа првите супермодели.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Missy Hyper (@missyhyper) onAug 20, 2020 at 10:35pm PDT

 

Екслкузивно за британското издание на „Харперс Базар“ откри делови од книгата, а некои ви ги пренесуваме во продолжение:

-За спотот на Џорџ Мајкл: Никој од нас не сфаќаше какво влијание имаме, а дека навистина имаме се виде посебно после заедничкото појавување во спото на Џорџ Мајкл и ревијата на Версаче. Не бевме свесни како тие случувања ги впива јавноста. Се најдовме во епицентарот на случувањата, а бевме презафатени со патувања, поради работата. Имаше толку неверојатни понуди, што се двоумевме што да прифатиме, не можевме да бидеме на две места истовремено. Се сеќавам, за една кампања не можев да стасам јас, па ја ангажираа мајка ми. Фотограф беше Роберт Маплторп, со кој никогаш не соработував, а отсекогаш посакував.

а првата катастрофа: Магазинот „Пипл“ бараше да ги интервјуираат Линда, Кристи и Наоми за јунскиот број во 1990 година. „Кога излезе текстот, сфативме дека никогаш повеќе не треба да даваме интервју заедно. Сè беше погрешно пренесено. Сакавме во живо да ѝ покажеме на новинарката како изгледа една забавна вечер во Њујорк. Првин вечера во „Пунч“, а потоа ноќ во градот - пишува Наоми.

Моделите не се надевале дека од магазинот ќе им пратат новинарка во доцна бременост.

-Ја влечевме околу на разни места жената која е пред породување, трудејќи се да ѝ покажеме колку сме кул. Ја носевме во ноќни клубови, па на автопатот „Вест Сајд“ за да ги запознае травеститите, нашите пријатели од „Хаус оф Екстраваганза“. Таа вечер носев фустан од Исак Мизрахи и во еден момент направив нешто сосема глупаво, бидејќи во ресторанот се најде уште една девојка во истата креација. Кажав дека никогаш повеќе нема да го облечам фустанот и дека веднаш ќе го соблечам. Не бевме свесни дека се однесувавме како детишта. Но, не ни беше тоа намерата. Сакавме само да ѝ покажеме на новинарката дека добро се забавуваме. Не бевме свесни дека тоа може да се толкува и сосема поинаку. Ниту една од нас тогаш немаше ПР за да нè посоветува.

-За изјавата на Линда Евангелиста: Подоцна, истата година, во интервју за октомврискиот број на американскиот „Вог“, кутрата Линда рече дека ние не стануваме од кревет за помалку од 10.000 долари или нешто така. Не мислеше така, беше тоа шега, но тој цитат нè прогонуваше со години. (Ако ништо друго, дизајнерите како Џани, Азедин и Карл Лагерфелд поставија стандарди во висината на нашите хонорари. Медиумите се обидеоа да прикажат како ние тоа го баравме, а всушност не беше така). Сè до тоа интервју, разговаравме отворено со новинарите. Потоа, сфативме дека мораме да бидеме внимателни. Работите можат многу лесно погрешно да се протолкуваат. Тоа ни беше драгоцена лекција.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) onFeb 1, 2019 at 12:14pm PST

 

-За статусот ѕвезда: Сè што носевме и секој ресторан во кој што одевме, весниците пишуваа за сè. Ни беше чудно зошто луѓето тоа толку ги интересира. Не можевме да преминеме улица, а некој да не се затрча по нас. Се сеќавам на еден шопинг во Рим, кога не можевме да излеземе од продавницата - имаше огромен број обожаватели, што на крајот полицијата мораше да нè извади. Но, ние и понатаму немавме поим што се случува. Дури кога големиот моден фотограф, Питер Линдберг нè замоли да се појавиме во филмот „Модели“, сфативме колку луѓето се заинтересирани за нашите животи. (Филмот имал за задача да ја прикаже другата страна на животот на моделите од оној кој беше создаден од стереотипи). Линда свиреше хармоника, јас ја пеев C'est Si Bon, на која отворав уста во реклама за Ив Сен Лорен. Секој правеше нешто со што можеше да се поврзе. Мислам дека овој филм им помогна на луѓето да нè видат од друг агол, да нè видат повеќе како славни личности, отколку само како манекенки. Сепак, филмот за мене беше и остана работа. А тоа што е работа, за мене не е приватно. Приватен е мојот личен живот и ни беше тешко кога нашата приватност ќе станеше јавна тема. Со кого се гледаме? Со кого се запознаваме? Во повеќето случаи таквите приказни беа мрежа лаги. Јас се гледав со некој кој во тоа време беше многу славен. Почнав да сфаќам зошто се трудеше да ја сокрие својата приватност.

-За бегство од јавноста и генетиката: Во кафулето „Кафе Табак" во Њујорк можевме да се опуштиме и да уживаме далеку од љубопитните очи, веројатно затоа што сопственикот беше наш пријател, Рој Либентал. Беше тоа едно од оние места каде што одите на интимна вечера, а потоа станувате и играте, и гајле ви е како изгледате. Имаа добра музика, бифтек и помфрит. Можеше да се игра и билијар. Тоа место ни беше удобно, не премногу големо и отмено, едноставно место за да се помине некое време и затоа го сакавме. Кој и да дојдеше во Њујорк од светот на модата, филмот или музиката, доаѓаше тука. Истото важеше и за „Роксбури" во Лос Анџелес, само што тоа кафуле беше поголемо и полно со филмски ѕвезди. Партнер беше нашиот другар Џон Енос, па одевме таму за да го поддржиме. Го сакав и ресторанот „Мјуз" во Лос Анџелес, бидејќи тука Херб Рис организираше роденденска прослава за Татјана Патик и мене кога имав 22 години. Ни подари по дијамантска нараквица од „Тифани". Таков беше Херб. Го сакам и „Лаура Беле" во Њујорк. Таму го прославував својот 21 роденден. Тука привлековме многу внимание. Забавата ја организираа Џејсон Вајнберг и Кели Кутрон и ги повикаа сите славни личности: Мадона, Стивен Максел, Беверли Пил... Дозволивме „Вог" ексклузивно да пишува за мојот роденден. Фризурата и шминката ми ја направија во мојот стан, а јас се појавив во црно-бел фустан на Азедин Алаја. Го сочував тој фустан и неодамна го пробав повторно - и понатаму одлично ми стои. Среќна сум, претпоставувам. Никогаш не бев на диета. Секогаш можев да јадам што сакам, но секако многу умерено. Денес акцент ставам на здравата исхрана.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) onAug 14, 2019 at 12:27pm PDT

 

 

 

 

Објавено:
21 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
306 пати