Кои се македонските најбарани машки модели на интернационалната сцена?

26 август 2020

Во светот на моделингот сезоните и лицата се менуваат со брзина на светлината. Да се опстане и работи на подолг рок им успева само на квалитетните и специфичните , па така модната агенција Моделс ИН Менаџмент во пресрет на нејзиниот јубилеј ( 20 години ) од нејзиното основање ги представи нејзините најбарани машки модели.


Павле Николовски

- Веќе добро познат и признат на нашата, но и меѓународната сцена , Николовски се вбројува во оние машки модели со огромно портфолио и зацврстен кредибилитет. Неговиот стаж од 10 години му ги донесе и најголемите модни кампањи за веќе признати брендови. Неговата долга коса му помогна да ја задржи својата оригиналност и воедно да ја потенцира неговата рафинирана убавина.


Алекс Златановски

- Мистичната убавина и маркантната појава беа пресудни за Златановски да влезе во светот на моделингот. По само еден месец откако стана дел од Моделс ИН беше букиран за неколку различни проекти и тоа му овозможи брзо лансирање во светскиот моделинг. Како една од познатите кампањи која му помогна подобро рангирање помеѓу машките интернационални модели беше за Армани часовниците.


Христијан Стојаноски - Крис

- Откако беше забележан од професионалното око на менаџерот Алек Наумовски на Стојаноски му беше потребен вистинскиот тајминг за да се вивне во самиот врв на интернационалната сцена. Неговата класична убавина и вроден шарм експресно му ги отворија вратите на светските агенции. Како негова специфика се смета работата во Бангалор ( Индија ) каде работеше на комерцијални каталози за Томи Хилфигер и Келвин Клајн.


Никола Андоновски

- Младиот и енергичен Никола во ниеден момент не се двоумеше кога му предложија брзо заминување и работа во некоја од странските агенции. Иако на само 17 години Андоновски беше решен да биде дел од светскиот моделинг. Неговото совршено тело и убавиот лик му донесоа многу интересни кампањи и фотографирања помеѓу кои за Левис и Најк.


Андреј Пајмаковски

-Најмладиот и најхаризматичниот Андреј ја комплетира оваа листа на најдобрите и најбараните машки модели. Доволно беше само да се појави на кастинг за од неговата матична агенција Моделс ИН да забележат дека Пајмаковски ги исполнува сите критериуми што се бараат за машките модели. Уникатната убавина и совршените пропорции веднаш му овозможија влез во најдобрите светски агенции. Последното работно патување во Барселона го скрати заради светската пандемија, но му овозможи одлични контакти со реномирани агенции и букери. Неговиот успех е загарантиран и потврден, впрочем кој би можел да одолее на неговата вонсериска убавина.

Објавено:
26 август 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.052 пати