Живописна есен на Етро

14 октомври 2013

Etro

Жива палета на бои и дезени се застапени во колекцијата на Вероника Етро за есен-зима 2013/14. Но, не било какви дезени. Низ целата колекција се гледа влијанието што врз Вероника го оставил нејзиниот татко Џимо, па така се забележуваат елеметни од ренесансниот период, етно-текстилот од 19.век, руската керамика.

Како и да е, миксот е успешен, затоа што кога ја гледате колекцијата добивате впечаток дека се е весело и радосно и ја нема воопшто онаа монотонија со која најчесто се одликува есента.

Освен геометриски елементи има и панк, каде доминираат мото јакните и патентите. Можеби се ви се чини неповрзливо, но тоа во светот на Етро функционира. Погледнете ја колекцијата за оваа сезона.

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Колекции